Изјавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дека за преговори со Москва неопходно е Русија да ги повлече војниците на линијата од пред 24 февруари, претставува апсолутно несериозен пристап, смета рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Тој тврди дека изјавата на Зеленски е целосно спротивна на иницијативите што на 29 март во Туркије ги изнесе украинската делегација.
Околу шансите за состанок меѓу претседателите на Русија и Украина, според Лавров, неопходно е прво да се обнови работата на рускиот и украинскиот преговарачки тим. Како што додаде Лавров, „топката е на страната на Киев“.
Лавров на оваа тема се осврна во Анкара, по разговорот со министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу.
OhridNews