Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Тој предупреди дека заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна.

Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент, изјави Лавров синоќа за руската државна телевизија.

Околу тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива на Украина, Лавров подвлече дека „опасноста од трета светска војна е сериозна и не смееме да ја потценуваме“.

Како што пренесуваат странските агенции, тој го обвинил украинскиот претседател Володимир Зеленски „за глумење дека преговара“.

Тој е добар глумец. Ако внимателно гледате и читате што зборува, ќе забележите илјада противречности, рече Лавров.

OhridNews