Лажни се наводите за руски напад врз породилиштето во украинскиот град Мариупол, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров од Анталија каде имаше средба со шефот на украинската дипломатија, Дмитри Кулеба, рече дека Русија веќе ги информирала Обединетите нации дека во поранешната болница воопшто немало медицински персонал, туку оти објектот бил претворен во камп на ултрарадикални борци од украинскиот баталјон „Азов“.
Лавров како „манипулација“ ги нарече сите објавени информации во кои се тврди дека руската армија врши воени злосторства во Украина.
OhridNews