Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Иран и Либан не сакаат да се мешаат во палестинско-израелскиот конфликт.
Верувам дека ниту Иран ниту Либан не сакаат на кој било начин да бидат воведени во оваа криза. Израел не треба да „купува безбедност“ одбивајќи да создаде палестинска држава и со намалување на територијата наменета за неа, посочи Лавров во интервју за „Раша тудеј“.
Тој истакна дека тоа е став што Русија се обидува да му го пренесе на Израел и додаде дека Москва никогаш не ја потценувала важноста на безбедноста за Израел. Лавров претходно изјави дека е потребен итен прекин на огнот и усвојување мерки за решавање на хуманитарните проблеми во Појасот Газа.
Тој потсети дека Русија повика на пропорционален одговор од Израел во согласност со меѓународното право, кога палестинската милитантна група Хамас почна напади врз Израел на 7 октомври.
OhridNews