Македонскиот фудбалски првак  Македонија ЃП претпре пораз од 2:0 од белорускиот претставник БАТЕ Борисов во првиот натпревар од 2-то квалификациско коло за учество во Лигата на Шампионите.


Околу 7.000 гледачи на “Арената Филип Втори“ во Скопје беа сведоци на разликата во квалитет на македонскиот и белорускиот тим.

Стрелци на головите по еден во двете полувремиња беа Кривец односно Скавиш. Реванш мечот кој ќе биде чиста формалност се игра за седум дена во Белорусија.
 

ohridnews