– Ваквите акции се добродојдени, треба да преминат во традицонални и да се одвиваат барем два три пати во годината. Со вакви акции сакаме да влијаеме на подигнување на свеста на граѓаните да не се фрла отпад во езерото и да инциираме и други институции и организации да се ангажираат за подигнување на еколошката свест и одржување на чистотата. Би им порачал на охриѓани да се грижат за чист и убав Охрид, да се грижат за екологија и да придонесат во таа насока – истакна в.д.деканот на ФТУ Цветко Андреевски.
-Сите охриѓани треба да се грижиме за она што ни е свето. Факт е дека со ваквите акции не можеме да го исчистиме езерото, но важна е пораката што ја праќаме луѓето да не фрлаат отпад и да не ја загадуваат животната средина.-истакна проф. д-р Зоран Тунтев од лајонс клубот „Лихнидос“.
Лавовите од „Лихнидос“ го светнаа крајбрежјето