Во рамки на Неделата на животна средина и одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5-ти Јуни, лајонс клубот „Лихнидос“утре во месноста Мазија организира еколошка акција за чистење на Охридското Езеро од отпад.


Ќе се чисти отпадот од Охридското Езеро

Во акцијата што ќе започне во 10 часот пред споменикот на А. Ден Долард, покрај членови на лајонс клубот „Лихнидос“, учество ќе земат и професори и студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид , како и членови на фудбалската школа на поранешниот репрезентативен голман Данчо Целески. Акцијата што ќе ја координира Ј.П.„Охридски комуналец“, има за цел да влијае на свеста на охриѓани за зачувување на животната средина.

OhridNews