Лавовите од едно јужноафричко селско општество го изеле работникот кој им носел вода, оставајќи ги само прстите и цревата, соопштила полицијата.
Лавовите го нападнале 49-годишниот човек кога влегол во кафезот да им донесе вода. Човекот во изминатите две години работел на селскиот имот на северозапад од Јужноафричката Република.
Никој не видел како дошло до несреќата. Полицијата дошла на повикот упатен од фармата која лавовите и други животни ги држи во кафез поради туристичките посети.
За судбината на лавовите ќе одлучи министерството за животна средина.