Гладна лавица нападнала бизон на сред автопат во националниот парк Кругер и направила вистински сообраќаен метеж. Го гризела цел час додека туристите седеле во своите автомобили, но не успеала да го совлада. Еден од туристите ги објавил своите фотографии од несекојдневниот настан.
Напишал дека лавицата и бизонот дошле на автопатот ранети. Бизонот паднал и му требало доста време да се подигне, а лавицата му скокнала на грбот и го гризела. Бизонот за да се одбрани се удрил во еден автомобил, и ја оттргнал лавицата од себе. Дошле и два други лава, но не и се придружиле туку ја набљудувалетрале борбата од страна. На крајот лавицата се откажала од својот ручек.