Лавина се слруши вчера попладне врз хотелот „ Rigopiano“ во местото Фирнадола на планината Гран Сасо во централна Италија и го поместило за десет метри, изјави за Rai News 24, префектот на провинцијата Пескара Францчесо Проволо. Медиумите јавуваат дека во хотелот имало триесетина гости, меѓу кои и две деца. Се стравува оти сите се мртви, бидејќи спасувачките екипи не наидуваат на знаци на живот, јавува „Макфакс“.

Според префектот на провинцијата Пескара Францчесо Проволо, заклучоците може да се извлечат од кадрите за настраданиот објект кои ги добиле од спасувачките служби,направени од воздух и од земја, на кои се гледало делумно разурната структура, а дел закопана под дебел нанос од снег. Хотелот во средата вечерта се нашол на патот на лавина висока два метра, соопштија локалните власти.

„Би бил многу внимателен во оцената на ситуацијата, но првите фотографии укажуваат дека лавината го влечела објектот неколку метри“, рече Проволо и додаде дека три од четирите ката од хотелот се распаднати.

Според најновите податоци на локалните власти, во времето на несреќата во објектот имало 20 гости и осум вработени. Како што јавиле првите спасувачи кои успеале да продрат до хотелот, никакви звуци, гласови или друг знаци на живот не се слушаат од под снегот.

„Не можевме да сториме многу. Структурата на хотелот се урнала. Речиси целосно е урнат. Викавме но не слушнавме гласови. Копаме и натаму и бараме“, изјави Антонио Крочета, припадник на горската служба за спасување.

Возилата на итната помош не можат да минат поради снежните наноси, а најблиското село Фирандола, е оддалечено девет километри од хотелот. Началникот на селото Иларио Лекета вели дела лавината била „со големи димензии“. „Го однесе целиот хотел со себе“, додаде.

Спасувачките екипи имаат големи проблеми со донесувањето на механизацијата во областа на несреќата, бидејќи снегот на планинскиот венец Гран Сасо на некои места е висок и до пет метри. Во четвртокот во раните попладневни часови тешката механизација се наоѓа на околу километар од местото на несреќата и расчистувањето уште се одвива рачно , при што досега е пронајдено телото на една жртва.

Во четвртокот утрото биле најдени две настрадани лица. Мажите биле на улица и се сокриле во автомобили. Едниот има силни смрзнатини. Според изјавата на вториот, во хотелот останале неговата жена и децата.

„Жив сум бидејќи отидов по некои работи во автомобилот“, изјави за медиумите Џампјеро Парете, кој за медиумите додаде дека меѓутоа во хотелот останале сопругата и децата.

Хотелот „Rigopiano“ е популарна зимска дестинација со 4 ѕвездички 43 соби. Четирикатниот хотел, од кој сега само низ снегот се гледаат покривот и последниот кат, е изграден на 1.200 метри надморска височина.

Челникот на италијанската служба за цивилна заштита, Фабрицио Курчо, изјави дека процените се оти во хотелот имало вкупно триесетина гости и работени, а меѓу нив има и деца.

Лавината е покрената под четирите силни земјотреси со магнитуди меѓу 5,1 и 5,4 степени кои во средата ја погодија централна Италија. Хотелот „Rigopiano“ е оддалечен 90 километри од епицентарот на потресите во Монтереале, селце близу Аматриче“, уништен во разорниот земјотрес од август минатата 2016 година.

Веднаш беше издадено предупредување од лавини за целата област со кој доминира величествениот 2.912 метри висок Гран Сасо.

Оваа област е преполна со мали хотели и скијачки терени кои се особено популарни меѓу жителите на Рим и на урбаните центри на источниот италијански брег.

OhridNews
извор: „Макфакс“