Чуварите од зоолошката градина во Рудонг, источна Кина, заборавиле да го заклучат кафезот на лавот откако го исчистиле. Лавот стар четири години излегол и скокнал во реката во паркот. Пливал речиси 400 метри пред да се обиде да излезе на брегот покрај едно основно училиште.
На почетокот мислеле дека е големо куче или бивол. Никој не очекувал дека станува збор за лав. Полицијата го евакуирала локалното население и им забранила на учениците да излегуваат од училниците. После три инјекции за заспивање лавот бил уловен и вратен во зоолошката градина.