Куче со лик на лав е верен чувар на жителите од улицата „Никола Карев“. Од далеку кучето изгледа како вистински лав, но жителите велат дека тоа е кротко и мирно животно. Тие кажуваат дека кучето неколку години живее на оваа улица во близина на ТЦ„Трудбеник“, а имало и сопственици кои се грижеле за него. Многу е мирно, лежи спие и не се пушта по луѓе, велат за ова интересно куче жителите од околните згради.


„Лавот“ од Охрид

Дилемата околу тоа каква раса е кучето ни ја разреши нашиот читател Клемент. Тој не информираше дека станува збор за куче од расата „Cau-Cau“ или „Chou Chou“ и се разбира нема никаква врска со лавовите.

Инаку на интернет сретнавме повеќе фотографии и информации за тибетски кучиња, кои како и охридсково личат на лав, но тие се сосема друга раса, вели нашиот читател.


тибетски кучиња кои многу личат на лав

Ohridnews
фото: Васко Бујароски