Фудбалерот на Интер Лаутаро Мартинез е на врвот од листата на желби на Барселона за летниот преоден рок кој следува. Аргентинецот импресионираше последнава сезона во дресот на „нероазурите“ и каталонците во него гледаат адектвна замена за Луис Суарез и фудбалер кој ќе игра заедно со Лионел Меси.
Составот на Интер покрај финансиски сака да профитира и играчки. Италијаните ќе ја намалат откупната клаузула во договорот на Лаутаро, но за возврат да го добијат Ентони Гризман.
Гризман не се снајде најдобро во Барселона и комплетно е во сенка од Меси и Суарез. Французинот дојде како големо и засилување, но освен неколку повремени блесоци и погодоци друго ништо не видовме од офанзивниот фудбалер.
Лаутаро на спротивната страна блесна под водство на Антонио Конте и во тандем со Ромелу Лукаку ги тресат противничките мрежи во Серија А. Аргентинецот во калчо лигата се пресели од Расинг.
OhridNews