Името на добитникот на Златниот венец на поезијата ќе биде соопштен следната недела, соопшти Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата -СВП, по завршувањето на вчерашната седница во Скопје.
На седницата со која претседаваше новиот претседател на УО Илијас Османи беше усвоена предлог-програмата на СВП 2008. Членовите на УО и покрај доцнењето со подготовките очекуваат годинашното издание на манифестацијата да протече нормално. УО информираше дека бил остварен контакт со поети од 20-тина земји да земат учество на СВП.
На седницата на УО не станало збор за промена на статутот на СВП и воведување на двојазичност во манифестацијата, а таквата можност поради временскиот теснец за подготовки на 47-то идание на поетскиот фестивал ја отфрли и Министерството за култура.
ohridnews