“ Горд сум на ова високо признание како и на досегашното внимание од почитуваните македонски колеги кои што внимателно го следат тоа што јас за овие 58 години сум го создал, препејувајќи ја македонската класична и светска лирика”, вели Перовиќ. – Струга постанува почитуван пример за успешен граѓански билингвизам, на гостопримство и човечка солидарност со бројни гости од Европа и светот, пример за негување љубов кон сите што Македонија ја доживуваат како пријателска и слободна земја. Струшките вечери на поезијата, градот Струга и нејзините благородни граѓани, сестрано придонесоа за светска афирмација на Република Македонија, многу повеќе отколку било која општествена сила, секако поделикатно и многу повеќе од професионална државна дипломатија, стои во дел од обраќањето на Перовиќ до академијата.
Инаку, Медитеранската академија Браќа Миладиновци е асоцијација која со изборот на досегашните лауреати постави високи критериуми за сите идни славодобитници. Досегашни добитници на признанието доделено од страна на оваа асоцијација се знаменити творци, втемелувачи на прославените културни манифестации во Република Македонија, меѓу кои и македонските пријатели, креативни промотори на богатата и во светски рамки ценета македонска литература.