Хрватскиот интернационалец Блаженко Лацковиќ од следната сезона три години ќе ги брани боите на македонскиот ракометен првак Вардар.

Тоа што долго време се шушкаше и најавуваше се реализираше и левиот бек конечно се договори со раководството на Вардар.

Со ангажманот на искусниот ракометар Вардар само го продолжи трендот на засилување на проверени ракометни ѕвезди.

Мх.П.