Ракометарот на Вардар, Блаженко Лацковиќ (35), кариерата ќе ја продолжи во германскиот гигант Кил. Како што објави клубот на својата интернет страница (thw-handball.de), Лацковиќ потпишал договор до јуни 2017 година.


Помалку неочекувано, Вардар остана без искусниот лев бек, кој во Скопје пристигна во летниот преоден рок во 2014 година, откако претходно десет години играше во Германија (Фленсбург 2004-2008 и Хамбург 2006-2014).

Кил беше принуден на ваков потег, бидејќи во тимот има многу повредени играчи, а последен кој се повреди и тоа во текот на Европското првенство е талентираниот Кристијан Дисингер.

OhridNews