Серијата лоши резултати, (8 натпревари без победа) ги натера челниците на Лацио да го запалат алармот во клубот.


Директорот на “небесно – сините“ Игли Таре вели дека позицијата на тренерот Балардини е сигурна, но падот на тимот на 15 позиција на табелата, никого не го радува, најмалку навивачите кои по поразот од Каљари протестираа во базата Формело. Поради тоа играчите за натпреварот во Сиена ќе се подготвуваат во Норчиа, место каде последниот пат се подговтуваа за дербито против Рома.


Нема промена во статусот на македонскиот интернационалец Горан Пандев кој и покрај лошите резултати и слабата ефикасност на тимот 7 гола во 10 натпревари, останува надвор од екипата.

М.П