Лацио со 3-2 успеа да ја совлада Рома во градското дерби одиграно во претпладневниот термин на Олимпико.
Наспроти нив Наполи до триумф во Џенова стигна со пресврт додека Милан претрпе нов пораз на домашен терен, овој пат од Фиорентина со 3-1.
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се повреди, и мечот во Џенова го напушти во финишот од првиот дел. Сериозноста на повредата на Пандев дополнително ќе биде објавена.
Резултати : Палермо – Сампдорија 2-0, Милан – Фиорентина 1-3, Лацио – Рома 3-2, Киево – Удинезе 2-2, Џенова – Наполи 2-4, Парма – Сиена 0-0, Торино – Болоња 1-0, Аталанта – Интер 3-2.
Табела : Јувентус 31, Интер 27, Наполи 26, Фиорентина 25. . .
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com