Лацио – Милан е најпривлечниот дуел од прекуредната, четврта рунда во италијанската Серија А. По воведниот пораз од Сампдорија, лацијалијате врзаа двe победи во низа над Бари 3-1 и Фиорентина на гости со 2-1.


Милан кој осетно се засили во преодниот рок, остана на онаа победа во првото коло против Лече со 4-0. Еден пораз од Чезена и реми против Катанија извлекоа избраниците на Алегри кои ќе бидат пред сериозен тест на „Олимпико “ во Рим.

Екипите кои го задржаа Милан, Катанија и Чезена ќе играат меѓу себе, шампионот Интер со Горан Пандев во составот ќе го пречека Бари. Лани на гостувањето на Сан Никола, Пандев беше главниот играч на Интер во ремито 2-2. Тогаш Пандев еднаш погоди, а еднаш му асиситираше на Милито.

Двојки: Бреша-Рома, Каљари-Сампдорија, Катанија-Чезена, Џенова-Фиорентина, Интер-Бари, Лацио-Милан, Лече-Парма, Болоња-Удинезе, Наполи-Киево

Четврток:Јувентус-Палермо.

OhridNews