Фудбалскиот клуб Лацио го отпушти тренерот Давиде Балардини, јави Скај спорт Италија. Според италијанскиот спортски канал, за одлуката Балардини бил известен од спортскиот директор на Лацио Игли Таре, а одлуката за отказот ја донел претседателот на Лацио, Клаудио Лолито.


Новиот тренер на Лацио е Еди Реја и првиот тренинг би требало со клубот да го има утре.

Се чека официјална потврда од Лацио за отказот на Балардини, која клубот најверојатно ќе ја објави доцна вечерва.Давиде Балардини беше тренер на Лацио од јуни 2009 година по заминувањето на Делио Роси од тренерската функција.


Лацио под водство на Балардини го освои Суперкупот на Италија каде во финалето го порази Интер со резултат 2:1.

Ohridnews

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.