Најпознатата и една од најубавите фудбалски навивачки на светот, Лариса Рикелме, била уапсена поради секс во автомобил на јавно место. Убавата парагвајка и нејзиното момче, фудбалерот на Серо Портено, Џонатан Фабри, не можеле да ги смират страстите и запреле со автомобилот на еден од автопатите во Асунсион. Љубовниот чин бил толку гласен што ги слушнале минувачите, кои за инцидентот веднаш ја известиле полицијата.
Органите на редот брзо пристигнале и љубовниците биле уапсени и одведени во полициска станица, бидејќи во Парагвај сексот на јавно место е забранет и се казнува со закон. Убавата Лариса не успеала да ги шармира полицајците. Таа светска слава стекнала за време на светското првенство во фудбал 2010 година кога ветила дека ќе се соблече гола доколку нејзината репрезентација победи на мундијалот.