Најпознатата навивачка на репрезенацијата на Парагвај, која стекна планетарна слава, Лариса Рикелме, би можела наскоро да стане мајка. Откако се дознало дека парагвајската манекенка од неодамна пати од зачестено губење на свеста, таблоидите ја прогласиле за трудница. Долгогодишната девојка на аргентиснкиот фудбалер Џонатан Фабро побрзала да ја демантира оваа вест.

Вели дека колку што знае не е во блажена состојба, но би се израдувала доколку тоа наскоро се случи. Додава дека таа и Фабро се доволно зрели за основање семејство. Бебето би ја надополнила нивната среќа. Што се однесува до губењето на свеста, вели дека причина за тоа е лекувањето на кое била подлегната пред три месеци.