Страственото навивање и бујните гради ја прославиле Лариса Рикелме која конечно го промовирала бразилското издание на Плејбој за кое се фотографирала потполно гола. Таа е топ модел од парагвај, а светска слава стекна за време на светското првенство во фудбал благодарение на една фотографија на која во своите бујни гради го чува мобилниот телефон.
Тогаш била во врска со еден познат парагвајски манекен, а подоцна била поврзувана и со некои славни фудбалери. Ова не е прв пат Лариса да се соблече, а голема атракција била и на карневалот во Сао Паоло, каде со својот интересен изглед повеќе откривала отколку што покривала на своето тело.