Годинава е забележан зголемен број кражби во градов.

Според најновите податоци од СВР- Охрид во месец јули биле пријавени 18 кривични дела кражби и 24 кривични дела тешка кражба. Новина е тоа што годинава мета на крадците, покрај паричниците и мобилните телефони, биле лап-топ компјутерите на охридските плажи.

Речиси половината од овие кривични дела биле расветлени од страна на охридската полицијa и против сторителите се поднесени соодветни пријави. Се работи на откривањето и на останатите сторители на кривичните дела.

За споредба, минатата година во месец јули, биле регистрирани 11 кривични дела кражба и 7 кривични дела тешка кражба. Само две од нив биле расветлени од страна на полицијата.

OhridNews