Претседателот на шпанскиот прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, изјави денеска во интервју за радио РАЦ 1, дека фудбалската Суперлига, која ја поддржуваат неговиот клуб и Реал Мадрид, би можела да „стартува веќе од следната сезона“.

Суперлигата би можела за започне следната сезона или 2025/26. Доколку тоа не биде случај, повторно ќе го разгледам прашањето, рече Лапорта.

Дванаесет клубови, предводени од Барселона и Реал, во 2021 година иницираа сопствено приватно натпреварување со огромен комерцијален потенцијал со цел да се натпреваруваат со Лигата на шампиони на УЕФА.

Во меѓувреме, од проектот се повлекоа најголемиот број иницијатори, но според Лапорта тоа не е загрижувачки за проектот да заживее.

Фактот дека Англичаните не се во ова мене ме прави задоволен. Не ми е грижа. Тие ионака си имаат своја Суперлига, односно Премиер лига, рече Лапорта.

Како можни учесници во Суперлигата, Лапорта ги наброја „Интер, Милан, Наполи, Рома, Барселона, Реал Мадрид, Олимпик Марсеј, Спортинг, Бенфика, Порто, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт и Клуб Бриж“.

„оа би биле 16 или 18 клубови, Мислам дека подобро би било да имаме 16, наведе Лапорта додавајќи оти секој од клубовите учесници во, како што ја нарече, „континеталната Суперлига“, би можел да „заработи 100 милиони евра, а притоа да не мора ниту да ја освои Лигата на шампиони“.

OhridNews
Фото: МИА/X