Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта проговори за потписот на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, како нов чекор кон враќање на сјајот на каталонскиот клуб.

Вчера се затвори преодниот рок и успеавме да поканиме неколку нови лица во првиот тим одеднаш. Оваа недела, ако се биде добро, ќе го претставиме Обамејанг. Сега сакаме да работиме на враќање на економската ситуација. Сакаме да ставиме крај на црниот период во нашата историја. Ни треба светлина, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.

Претходно беше објавено дека 32-годишниот Габонец го напуштил Арсенал и бесплатно ќе замине во Барселона. Со оглед на тоа што напаѓачот веќе е слободен играч, каталонскиот клуб може да го објави неговиот трансфер по завршувањето на преодниот рок.

Обамејанг оваа сезона забележа 15 настапи за лондонскиот клуб, постигнувајќи седум гола и две асистенции.

OhridNews