Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта рече дека неговиот тим има голем мотив да го победи Реал во полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.
Ова е прв пат Ел Kласико да се одржува надвор од Шпанија, а ние долетавме од Барселона со желба да победиме. Неколку играчи заздравија од повредите, денеска сметаме на играчи кои претходно не можеа да бидат на теренот. Навистина се надеваме на успех на овој натпревар. Имаме сила во форма на многу талентирана младина, рече првиот човек на Барселона.
Барселона и Реал Мадрид вечер од 20 часот во Ријад, Саудиска Арабија, ќе играат во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.
Во второто полуфинале, утревечер во истиот термин во ријад ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
OhridNews