Жоан Лапорта е нов претседател на Фудбалскиот клуб Барселона. Лапорта на вчерашното изборно собрание во Барселона освои најмногу гласови и на функцијата претседател го наследи Жозеп Бартомеу, кој се повлече октомври минатата година.
Право на глас во претседателските избори во Барселона имаа 110 000 гласачи. Лапорта до победата стигна со освојување на 54,28% од гласовите. Второпласиран заврши Алеш Фонт, а трет Тони Фреиш.
За Лапорта ова ќе биде втор мандат на претседателското место во Барселона. Тој на чело беше од 2003 до 2010 година. Каталонците во тоа време ги направија најголемите успеси, освојувајќи четири титули во Примера, две во Лигата на Шампиони, три во купот шпанскиот Супер куп и по една една во Купот на кралот, Супер купот на Европа и Светското клупско првенство.
Лапорта доби петгодишен мандат во кој прв и најголем предизвик ќе му биде Лионел Меси. Аргентинецот на лето станува слободен фудбалер, а Лапорта за задача има да го убеди Меси да остане и заедно до градат нов проект.
Во шпанските медиуми веднаш се појавија имиња кои Лапорта планира да ги врати или донесе во клубот. Местото спортски директор ќе му припадне на Метју Алеман, Жорди Кројф ќе биде технички секретар, а тренер на голмани во академијата Ла Масија ќе биде Виктор Валдес.
OhridNews