Екипата на Манчестер Сити го освои четвртиот трофеј во низа во англискиот Лига куп, победувајќи го Тотенхем во финалето со минимални 1-0, полувреме 0-0.

Човек на одлука на финалето, кое се одигра на „Вембли“ беше Америк Лапорт, кој победничкиот погодок го постигна во 82-та минута од натпреварот.

Освојувањето на четвртата во низа и осмата титулата вкупно, го лансираше Манчестер Сити на врвот од вечната листа. Ист број на титули има Ливерпул, но Манчестер Сити има изгубено само една финале, наспроти „црвените“ од „Енфилд“, кои пет пати губеле во финалните натпревари.

OhridNews