Двајца другари обожаватели на пиво испратиле лименка пиво во земјината орбита на висина од околу 275 километри. Доколку лименката која била испратена била 100 километри подалеку, астронаутите кои живеат во Меѓународната вселенска станица ќе можеле да излезат по неа. Иако балон исполнет со хелиум може да се подигне на 375 километри, каде се наоѓа станицата, сепак ни 275 километри не се малку за првото пиво во вселената.

Двајца пријатели на балон исполнет со хелиум прицврстиле кутија од стиропор во која ставиле полна лименка пиво, мала видеокамера, GPS, и материјал кој служел како топлотна изолација. Откако добиле дозвола од американската воздушна администрација да го лансираат балонот, момчињата го испратиле во вселената. Откако нивното пиво достигнало висина од 275 километри, балонот пукнал и кутијата почнала да паѓа назад кон земјата. Падобранот, како што замислиле, го спасил нивниот вселенски пакет од сигурно уништување, а откако се вратил на земјата момчињата брзо го пронашле благодарение на нивниот GPS. На крајот својот успех го прославиле пиејќи го „вселенското“ пиво.