НАСА денеска го лансира телескопот Џејмс Веб. Инструментот тежок 6350 килограми по 26 минути лет успешно беше пратен во Вселената од ракета.

Телескопот Веб за еден месец треба да стигне до крајната дестинација во соларната орбита на околу 1,6 милион километри од Земјата односно приближно четирипати подалеку од Месечината.

Телескопот кој го носи името на вработен во НАСА во 60-тите години од минатиот век главно ќе го набљудува Универзумот во инфрацрвениот спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Хабл дејствувал првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини. Веб е приближно стопати почувствителен од Хабл

Проектот чини 11 милијарди долари иако според првичните проценки беа една милијарда долари.

Веб ќе се наоѓа на голема оддалеченост од Земјата со што е оневозможено да се испрати мисија при евентуален дефект, како што беше случајот со Хабл.

OhridNews