Минатата година во Охрид се случиле 252 пожари.

Припадниците на ТППЕ Охрид  најмногу интервенирале при пожари на отворен простор – 132 интервенции, пожари на објекти 103 интервенции и пожари на сообраќајни средства- 17 интервенции.

Од наведените пожари, 181 се случиле во градот, а остананатите во околината на Охрид.

Во текот на 2008 година ТППЕ Охрид имала 19 интервенции на  спасување живот на граѓани и укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации.

Ohridnews