Вкупно 325 полнолетни лица во текот на минатата година биле осудени од страна на Судот за вршење на различни кривични дела на подрачјето на општина Охрид. Овој податок го објави Државниот завод за статистика во рамки на публикација „Сторители на кривични дела во 2014 година“. Споредено со претходните статистички извештаи, лани биле осудени 22 лица помалку од 2013 година, кога за извршување на кривично дело биле осудени 347 лица во Охрид.

Според табеларниот приказ во публикацијата, во текот на минатата година, за сторени кривични дела во охридско, биле обвинети вкупно 527 лица. За 87 од нив судската постапка била запрена, 82 лица биле ослободени од обвинението, а за 31 лице обвинението било одбиено.

Од лицата кои биле осудени во 2014 година вкупно 100 добиле затворски казни, додека пак 88 лица биле осудени на парични казни. На  131 лице од оние кои биле осудени им биле изречени алтрнативни казнени мерки, односно 118 биле осудени на условна затворска казна, a 8 на условна парична казна. Вкупно 5 лица добиле забрана за управување со моторно возило, a на ист број на лица им била изречена судска опомена.

OhridNews