Вршителот на должноста тренер на Челзи, Френк Лампард се осврна на поразот од Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Игравме многу добро 60 минути. Имавме навистина добри шанси кои на ова ниво треба да се искористат. Не ми е премногу да се фалам со работниот капацитет кога губите во таква фаза, бидејќи тука завршува приказната. Што е, тоа е, изјави Лампард.
Тимот од Мадрид се пласираше во полуфиналето. Противникот на Реал Мадрид ќе биде одреден по пресметката помеѓу Манчестер сити и Баерн Минхен (3:0 за Сити на првиот натпревар).
OhridNews