Составот на Челси, со реми ја започна Новата 2020 година освојувајќи бод на гостувањето кај Брајтон во меч кој заврши 1-1. „Сините“, поведоа со 1-0 благодарание на голот на Цезар Аспликуеата, а бод за домаќините осиугра Алиреза Џаханбаш кој погоди со ножички.
Стратегот на „сините“, Френк Лампард не беше задоволен од перформансот на фудбалерите во вториот дел откако првиот поминал во нивна доминација.
Во првото полувреме требаше да постигнеме уште еден или два погодоци и да го затвориме натпреварот. Не бевме доволно сконцентрирани во клучните моменти. Првичниот план го остваривме бидејќи постигнавме погодок и ја чувавме топката во нашите нозе, но не и крајниот. Во вториот дел им дозволивме посед, игра и шанси пред нашиот гол. Прашање на време беше кога ќе потклекнеме пред домашниот притисок. Недостатокот на континуитет за време на мечот ме загрижува и општо играта во второто полувреме. – изјави Лампард.
Менаџерот и Челси имаа среќа затоа што никој од конкурентите за позицијата број 4 на табелата не победи и разликата на табелата остана иста.
OhridNews