Битолчанецот Наум Љамчески е новиот шеф на стручниот штаб на Охрид 2004.

Љамчески во својата кариера ги водел екипите на Пелистер, Вардар, Напредок, Милано, а со струшки Караорман стигнал до полуфиналето на купот. Во последниот период работеше како тренер во албанскиот лигаш Белишта.

Помошници на Љамчески во стручниот штаб ќе бидат охриѓаните Наум Јанкуловски и Миле Цветкоски.

М.П.