Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донел повеќе кадрови одлуки во насока на, како што соопшти денеска партијата, реструктуирањето и катарзата која беше најавена од партискиот лидер Христијан Мицкоски.

ИК донел одлука за избор на претседатели на повеќе општински комитети, како и членови на претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, а разговарал и за актуелната политичка и економска ситуација, состојбата во здравството, блокадата од Бугарија.

Ламбе Арнаудов избран во претседателството на ветерани на ВМРО ДПМНЕ

Според одлуката на Извршниот комитет, членови на Претседателство на Унијата на ветерани е избран и охриѓанецот Ламбе Арнаудов. То ј е во ВМРО ДПМНЕ од почетоците во раните 90-ти и важеше своевремено за близок соработник на Љубчо Георгиевски. Беше на високи партиски и државни функции во периодот 1998 – 2002. Покрај Арнаудов, во Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ се уште и:· Мане Јаковлевски,  Слободан Анастасовски, Драган Димишков, Љупчо Трпевски, Ѓорѓи Илиевски, Мирослав Тасевски, Драган Василевски, Бранко Момировски, Ѓорѓи Малковски, Живко Ристески, Александар Бичиклиски, Илија Шаторот, Сашо Наковски, Златко Милошевски, Душко Ѓорѓиев, Милан Кузев, Сашо Дранго, Борис Јанев, Ванчо Каранфилов, Марија Кирова, Ристо Ѓоргиев, Дејан Цветковски, Митко Антовски, Симо Илиевски, Владо Ѓорески и Андон Чибишев.

OhridNews