Иако речиси умре после труење со алкохол и опијати, поранешнииот американски кошаркар Ламар Одом продолжи таму каде што застана. Имено, поранешниот сопруг на Клои Кардашиан пиел жестоки пијалоци во еден клуб во Лос Анџелес, а бил фотографиран и од папараците.

 

Неговата поранешна сопруга Клои Кардашиан е премногу разочарана, поготово откако му пружи огромна помош во текот на здравстената криза. Клои била целосно загрижена и преокупирана со проблемот на Ламар, а му помогна после се да се врати во животот, како во приватниот така и во јавниот. Очигледно поддршката не му значи ништо, па некогаш славниот спортист одлучи да продолжи да се уништува.