Двете охридски екипи Лакочареј и Сатеска одновно се избегнаа во ждребката за бараж натпреварите за влез во Третата македонска фудбалска лига.


Шампионот во Општинска фудбалска лига во охридскиот регион, Лакочереј имаше повеќе среќа и го доби полесниот додека Сатеска ќе чекори по потешкиот пат кон третолигашкото друштво.

Лакочереј за противник во првата рунда го доби Поешево, а ако мине ќе се сретне со победникот од дуелот Јилдирим – Корошишта.

Сатеска за влез во Третата лига ќе треба да мине три противници поради непарниот број на екипи кои се најдоа во втората половина од баражите.

„Црвените“ прво ќе се сретнат со тимот на Лисолај, потоа ги очекува Пролетер, а на крај ќе се судрат со победникот од натпреварот Делогожда-Лирија.

Бараж натпреварите за влез во Третата лига се играат викендов на терените од Влазними и Лабуништа.

Мх.П.