Охридските престаници од Општинската фудбалска лига (ОФЛ), Лакочереј и Сатеска се избегнаа во бараж мечевите за пласман во Третата лига.


Шампионот во ОФЛ, Лакочереј во 1/2 финалето силите ќе ги одмери со Делогожда додека Сатеска ќе се сретне со Јилдиримспор.

Останатите полуфинални двојки ги сочинуваат Лисолај – Лирија односно Поешево – Корошишта.

Полуфиналните натпреварите се играат на 30 и 31 мај на стадионите од Влазними и Лабуништа.

Во Третата лига по ранг во Македонија пласман обезбедуваат две екипи односно победници од првиот и вториот мини турнир.

Двојки :

1. Лакочереј – Делогожда/Поешево – Корошишта

2. Лисолај – Лирија/Јилдиримспор – Сатеска

Мх.П.