Дебрца и Сатеска се единствени охридски преставници во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион, откако Лакочереј го откажа учеството.

Лакочереј кој минатата година избори опстанок одлучи да не продолжи со натпреварување во Третата лига а местото го зазеде тимот на Октиси кој се најде под цртата на табелата после завршување на сезоната.

Дебрца место во третолигашкото друштво обезбеди со освојувањето на титулата во Општинската фудбалска лига, додека Сатеска веќе има пуштено корени во Третата лига.

Новата сезона започнува на 1 септември, а есенскиот дел ќе заврши на 24 ноември.

Двојки 1.рунда:

Велешта – Караорман

Преспа – Новаци

Октиси Спорт – Кравари

Лирија Грначари – Сатеска

Црно Буки – Македонија

Фљамуртари – Стрела Спорт

Дебрца – Влазними

OhridNews