Унгарецот Лајош Берецз во машка и Црногорката Слаѓана Перуновиќ во женска конкуренција се победници на 27-ми Меѓународен атлетски маратон што традиционално по повод Денот на независноста – 8 Септември се одржа во Охрид.
Берецз патеката долга 30 километри од граничниот камен кај караулата „Свети Наум“ до Охрид ја истрча за 1:42:37 часа. Најдобропласиран македонски атлетичар беше Зоран Саздов кој со постигнато време од 2:03:04 часа го освои третото место.
Времето на победничката во женска конкуренција беше 1:58:31 часа.
Победникот во машка конкуренција инкасираше 700 евра, а победничката во женска доби чек во вредност од 500 евра.
На охридскиот маратон учествуваа 36 маратонци.
OhridNews