-Помеѓу поуспешните проекти може да се истакне последната иницијатива за возобновување на Професионалниот театар во Охрид. Исто така имаме реализирано повеќе хуманитарни акции, тука како позначајни би го споменал изградбата на шалтери во Центарот за социјални грижи, Изградба на пристапни рампи и училници за хендикепирани лица, Донирње на компјутери во училишта, Помош на загрозени семејства и поединси и други хумани активности.-рече Борис Тодоровски, претседател на Лајонс клубот Лихнидос од Охрид.
Тој се надева дека во иднина ќе се реализираат уште поголеми хуманитарни активности и проекти.
На прославата во име на добрата соработка и особени заслуги на повеќе здруженија, поединци и институции им беа врачени благодарници, а на претставниците на основните училишта од општината им беа доделени ваучери за набавка на нагледни средства, обезбедени преку хуманитарен проект на лајонс клубот „Лихнидос“. Присутните мја проследија изложбата на охридските уметници Ели и Кочо Аиноски, како и театарската претстава „Граница“, со која се реафирмира идејата за професионален театар во Охрид. Прославата беше заокружена со коктел на кој стендап настап имаше извонредниот млад актер Сашко Коцев.
Сашко Коцев ја зачини прославата на лавовите од „Лихнидос“
фото: Емилио