Викендов Охрид го посети висока делегација на лајонисти од лајонс клубот “Свети Влах” од Дубровник – Хрватска.

„Свети Влах“ е  клуб со најдолга традиција (повеќе од 20 години постоење) во Хрватска. Добредојде на гостите им посакаа членовите на лајонс клубовите од  Охрид, претседателството на  лајонс Македонија, градоначалникот Петрески, археологот Паско Кузман.

Оваа посета претставува вовед во збратимување на лајонс клубот Охрид со лајонс клубот “Свети Влах” Дубровник, кое пак збратимување е вовед во збратимување на градовите Охрид и Дубровник.

Посетата на лајонистите од Дубровник се совпадна со реализација на третиот циклус од проектот на лајонс клубот „Охрид”, „Избор на најдобри ученици од основните училишта од Охрид”, со кој годинава се опфатени најдобрите 125 ученици од основните училишта од Охрид.

Натпреварот се состои во истовремено тестирање на 4 предмети Македонски јазик, математика, англиски јазик и информатика за 5 и 6 одделение и Македонски јазик, математика и англиски јазик за 4,7 и 8 одделение. Годинава натпреварувањето трае 4 циклуси, а последниот циклус е кон крајот на мај, по што ќе бидат избрани најдобрите ТОП10 ученици во Охрид во учебната  2009/2010 година.
    
Овој проект се одржува втора година во Охрид, а годинава за прв пат се имплементира и во Битола преку проект на лајонс клубот “Хераклеа” – Битола.

OhridNews