Парамилитантнта организација на косовските Срби,  Гардата на Цар Лазар,  има база во Охрид, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Лајм“.

Весникот наведува дека Гардата на Цар Лазар има база во Охрид, а Косово ќе биде нападнато и од Македонија. „Лајм“ во текстот пренесува закани од челникот на ова српска парамилитарна единица Хаџи Андреј Милиќ.

Македонската полиција нема информации за постоењето на база на Гардата на Цар Лазар во Охрид, а истото го демантира и косовската полиција која  смета дека заканите на гардата на Цар Лазар не се сериозни.

ohridnews