Под мотото “Лике За Бике”, Црвен крст Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност со цел одржување на здрави животни навики и подобрување и на својата здравствена состојба и физичка кондиција.

Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен сончев ден во пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, да бидат утре 29.03.2014 (сабота) во 11 ч. на платото пред Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по патека покрај езерото, ќе се тргне со велосипеди, пеш, со ролери, до плажата Горица 1 (Парк).

Таму ќе бидат организирани сесии на аеробик, танци, конзумирање на здрава храна, основни здравствени прегледи и други интересни спортско-забавни содржини и корисни физички вежби.

Ohridnews

OhridNews доделува бесплатни влезници за урнебесното кабаре “2Mothers brothers” вечер во Центарот за култура