Лајанс клубот „Лихнидос“, денеска, испрати донација – бела техника, за семејствата погодени од поплавите во Пелагонија.
–За Битола денеска се испратени две машини за перење, еден телевизор, шест греалки, два пакети поситна бела техника, како и два фижидери – витрини, кои ги обезбеди хотелот „Амбасадор“. Помошта се дистрибуира со „Галеб“ – Охрид. -информираат од ЛК „Лихнидос“.
Средствата за донацијата беа обезбедени од хуманитарниот настан што ЛК „Лихнидос“ неодамна го организитраше во х. „Гарден и донации на членови на клубот.
Помошта со помош на хумани граѓани на Битола и членови на лајанс клубови од овој град, ќе биде транспортирана во општина Могила, која е една од најпогодените во неодамнешните поплави.
OhridNews