Во Министерството за транспорт и врски постои размислување плажата во Лагадин да биде изземена од програмата за издавање под закуп на охридското крајбрежје.
Жителите во туристичката населба Лагадин се незадоволни што плажите ќе се комерцијализираат. Во обид да ја спасат плажата во Лагадин претствници од МЗ Лагадин оствариле средба со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Како што информираше здружението на граѓани “Финале“по средбата со Јанакиевски, создаени се предуслови за имплементација на граѓанската иницијатива за изземање на плажите во Лагадин од програмата за издавање под закуп.
Во тек е изнаоѓање на заеднишко прифатливо решение кое ќе биде во склад со владината програма и активностите на Министерството за транспорт и врски за решавање на долгогодишното прашање со плажите на охридскта ривиера, се вели во соопштението по средбата на претставници на МЗ Лагадин со министерот Јанакиевски, го лиферуваше невладината “Финале“.
Инаку како што неофицијално се дознава на објавениот јавен повик за краткорочен закуп на плажите на подрачјето на општина Охрид, до Министерството за транспорт и врски пристигнале само пет понуди, сите од охриѓани. Еден од заинтересираните конкурирал за две плажи.
Тоа значи дека за половината од плажите понудени на тендерот нема заинтересирани. Во тој случај за тие плажи постапката ќе се повтори. Зинтересираните за закуп на охридските плажи реагират на висината на цената, краткорочниот договор и строгите услови за концеија, што веројатно е главна причина зошто на тендерот што го распиша Министерството за транспорт и врски има мал број пријавени.