Алоооо…..абре Дончо ти си ? Ај да не пукниш. Еввааа како ме изненади. Господ здравје да ти дајт шо се јави, уште поубо тупе Господ да ми ти дајт. Шо ти текна вака? Од ко си ојде од Дебрца не ме ме имаш…..ааааа фала фала, да ми си здрав и жив. Само за убо да се слушаме, од арно да не куртулите и ти и Меланка. И вие да си исчекате некош на Европско да се пласирате. Амин амин.

А не. Џо не ми се јави. Тој си контактират со Аметија. Ам ко јас и ти шо сме земјаци така и тие двајца си се. Абе види….секој си влечит на своја страна. Да бе. А да….искрено не само јас, сите во НСРМС сме ептем натажени шо те акна Бајден. Криво ни е и да знајш ептем не болит за тебе. Ептем. Ама и ти си за стап. Ти реков јави му се на онега, ангажирај го, ене кај е Унгарија. Ќе го земеше со хелихоптер и сега ќе си свиркаше.

Море абдал еден шо мислиш тој како остана со едни избори 11 години на престолот. Е па ко не ме слушаше е па сега американче е па паси. Ам то е. Добро јас те разбирам зш од мака коси корниш, ти не си навикнат ни да дупиш ни да те дупет. Јас гајле немам. Ко труба сум равчален 30 години. А то шо ќе зборвет и тебе и на Меланче ич вагиналната жила да не ве болит. Сега ќе си ваѓет мубет колку шо сакаш.

За мене знајш колку муабети ваѓет? Ехеееее…..еве последно. Се раздрнда дека под дифолт сум бил против новиот закон за пензинирање. То није тачно. Никогаш. Ако сум против, сум под глупост, а не под дифолт. Добра одлука е да можат до 67 да пролжат само професорите и докторите. Дури јас сум да е до 82 годни. Ам како.
Зш во право се од владата дека мојт да се изгубит континуитетот на стручни лица. Ќе ги снемат. Абе друго си е стручно лице шо пишело дипломски со јаглен на камена плоча, а друго се млади фишфиричи шо имет специјализирано негде на запад или кај вас во демократска Америка. Не така Доне?

Значит според мене со одење во пензија на 82 години ќе се отворат многу работни места за младите шо имет дипломирано, специјализирано и докторирано. Е како? Покрај секој таков работоспособен, 82 годишен матузалем, ќе мојт бар по еден невработен, ако не двајца, да бидат 24 сати со него и покрај него. Ќе си ојт на работа со него, ќе му го потпират бастунот, ќе му менвит пелени, ќе туркат количка, за да мојт овај метузалемот да се сконцентрират и непречано да го водит државиштево во прогрес. Како ам. И зато ќе дам поддршка.

Исто ќе дам поддршка на Филипчета за набавка на нови тестови и то шо давет нај хитни резултати. Не бре Дончо фала, не за корона туку сакам да видам дали Захариева шо потеквит од кај некогашниот, тази дупче не е јет дупче….не бре ненормален. За Живков мислев. Туку ми требет тестој зш според неа 15 000 македонци биле заразени со омраза кон татарчета. И страв ми е зш то е поопасно од коранава. За нив. Да ги најме и да ги опериме таквите. Ко тие шо праеа. А?

Зато ти викам без секирации. Свашта она раџа. Ич не ми се секирај. Тук поднаврати кун ваму. Дебрца наша. Ептем ми прајш ќејф шо 100 години си америкине, а уште си го имаш задржано дебрчкиот сурат. Како? Абе знам знам и ти вервам. И тебе те болит за нас како нас за тебе. Ама то е.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите